Леонард Жута и Стефан Ристовски се најдоа во изборот за најдобар играч на Риека во последните 10 години. И двајцата се најдоа во идеалниот тим на Риека во последната деценија, а денеска хрватскиот тим спроведе нова анкета во која бира индивидуално најдобар играч и навивачите може да гласаат.
Ристовски и Жута беа дел од Риека во историската сезона во која тимот ја освои двојната круна, што беше прв пат од постоењето на клубот. Ристовски сега успешно го носи дресот на Спортинг Лисабон, додека Леонард Жута е дел од Коњаспор, но не игра, и имаше шпекулации дури и за негов „кам-бек“ во Риека.
