Денеска на состанокот на раководните структури на Бундес лигата договорено е кога точно ќе се игра 26. коло со што и официјално ќе се рестартира германскиот фудбалски шампионат.
Укинато е играњето на мечеви во петок, нешто што беше пракса до прекинот, а еден меч ќе се игра во понеделник. Вака изгледа распоредот на колото кое стартува на 16 мај.
Сабота 15:30
Аугсбург – Волфзбург
Хофенхајм – Херта
РБ Лајпциг – Фрајбург
Борусија Дортмунд – Шалке 04
Фортуна (Д) – Падерборн
Сабота 18:30
Ајнтрахт – Борусија (М)
Недела 15:30
Келн – Мајнц
Недела 18:00
Унион – Баерн Минхен
Понеделник 20:30
Вердер – Баер Леверкузен

