Тренерот на Легањес, Хавиер Агире откри за тоа каков е планот за продолжување во шпанската Ла Лига.
„Веќе имаме датум за продолжување на првенството. Ла Лига ќе започне повторно на 20 јуни, а првенството ќе заврши за пет недели, односно на 26 јули. Натпреварите ќе се одржат во сабота и недела, како и во среда и четврток. Ла Лига штотуку официјално ме извести. Јас сум многу среќен затоа што веќе ги планиравме тренинзите. Започнуваме од денес. Сите играчи веќе ги поминаа тестовите“, изјави Агире за весникот „Марка“.
Напаѓачот на Реал Мадрид , Лукас Васкез, исто така, изрази задоволство од претстојното продолжување на првенството.
„Ќе биде добро за луѓето и целото општество. Вие нема да размислите за вирусот два часа додека гледате натпревар. Фудбалот носи среќа“, рече Васкез.

