Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин доби дозвола од клубот да биде отсутен уште 5 дена. Игуаин во моментов е во родната Аргентина, каде е со неговата мајка која е сериозно болна.
Тој се врати таму веднаш по избувнувањето на пандемијата и суспензијата на првенството. Игуаин и Адриен Рабио се единствените играчи на шампионот кои се уште не се во Италија. По нивното враќање, тие ќе треба да поминат во задолжителен 14-дневен карантин, што значи дека сигурно ќе доцнат за почетокот на групниот тренинг, што ќе им биде дозволен од 18 мај.
Со ова исто така се зголемуваат гласините дека Аргентинецот и Французинот нема да останат во Јувентус следната сезона.