Челзи се надева дека ќе продаде четворица играчи за да го зголеми својот буџет за нови засилувања во текот на летото, пренесуват медиумите во Лондон.
Челзи планира да ги продава дефанзивците Курт Зума и Емерсон, играчот од средниот ред Рос Баркли и напаѓачот Мичи Батшуаи. Најмногу изненадува информацијата за Баркли, кој одигра добри натпревари пред крајот на сезоната и беше дел од идните планови на Френк Лампард.
Лондончаните се надеваат дека ќе заработат 115 милиони фунти од продажбата на овие играчи. Се очекува дека главните желби во текот на следниот трансфер период ќе бидат купување на напаѓач, а имињата главно се вртат околу – Тимо Вернер од РБ Лајпциг и Муса Дембеле од Олимпик Лион.
Не е јасно е како тоа ќе влијае на позицијата на главниот напаѓач на тимот во моментот, Тами Абрахам, за кој се верува дека е меѓу фаворитите на Лампард, па дури и доби повик за репрезентацијата на Англија.