Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) на официјалната веб-страница ги објави датумите за преостанатите натпревари од Купот на Германија.
Полуфиналните натпревари од ова натпреварување ќе се одржат на 9 и 10 јуни. Финалниот натпревар ќе се одигра на 4 јули. Да потсетиме дека во 1/2 финалето на Купот на Германија, Баерн Минхен ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт, а Сарбрикен ќе се сретне со Баер Леверкузен.
Фудбалот во Германија ќе се врати со продолжување на првенствените натпревари во првата и втората лига и тоа на 16 мај. Првенството беше прекинато на средината на март поради пандемијата на коронавирусот.

