Германскиот весник „Билд“ пренесува дека Ралф Рангник е скоро сигурен избор за нов тренер на тимот на Милан.
Рангник би требало да го замени Стефано Пиоли на клупата на „росонерите“, откако двете страни во преговорите ќе се договорат за сите услови од соработката. Јасно е дека Германецот инсистира на некои свои принципи на работа кои доколку Милан ги прифати тој може да го преземе тимот.
Германскиот стратег сака да го подмлади Милан со докажани фудбалери кои не се во зрели години. За таа цел бара 150 милиони евра за транфери, кои наводно од Милан се подготвени да му ги обезбедат.

