Интер има подобра шанса од Челзи за да го привлече Дрис Мертенс доколку белгискиот репрезентативец реши да го напушти Наполи.
Договорот на напаѓачот истекува во текот на летото и се чини дека тој нема да биде продолжен. До неодамна се сметаше дека тој ветил дека ќе му се придружи на Челзи, но според „Скај Спорт Италија“, неговиот следен клуб ќе биде Интер.
Понудата на Наполи е за двегодишен договор со плата од 10 милиони евра, но Мертенс веројатно нема да ја прифати. Сепак, тој е подготвен да остане во Серија А и да го засили Интер, каде ќе може да игра со својот сонародник Ромелу Лукаку. Френк Лампард не се откажува од идејата да го убеди Белгиецот да потпише со Челзи.
Менаџерот на „сините“ од Лондон сака Мертенс да го замени Педро Родригез, кој сигурно дека ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“. Оваа сезона, 33-годишниот Мертенс има 12 голови и 6 асистенции на 29 официјални натпревари за Наполи.

