Два дена пред продолжување на сезоните во Првата и во втората Бундес лига во Германија, сите 36 клуба и официјално ја поддржаа идејата првенството да биде завршено.
Во принцип, планот вклучува ова да се случи до крајот на јуни, но одлука на Германската фудбалска лига (ГФЛ) дозволува ова да се случи и во јули, доколку е потребно. Исто така, беше одобрена промена во правилото за промена – од 3 на 5, па дури и евентуално на 6 измени на играчите.
Меѓутоа, ако поради некоја причина – на пример нов бран на коронавирус – станува невозможно да се заврши сезоната, тогаш во рок од две недели мора да се донесе одлука за конечниот пласман. Целта е да се има шампион и две испаѓања во секоја од водечките две лиги.
Сите клубови исто така го потпишаа здравствениот протокол за тренинг и натпревари.
Прифатени заклучоци:
- Сезоната може да биде продолжена по 30 јуни доколку е потребно.
- ГФЛ може да го промени датумот на започнување за следната сезона, во зависност од тоа кога ќе заврши тековната.
- ГФЛ го задржува правото да ги промени датумите за почеток и крај на трансфер-периодите по завршувањето на оваа сезона и во средината на следната
- Дозволено е да се направат пет замени во рок од 90 минути и шест доколку има дополнително екстра време
- ГФЛ може да закаже натпревар за неутрален терен за кратко време

