Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, одлучи да не го напушти францускиот клуб во летниот преоден рок, пренесува весникот „АС“.
Според изворот, и покрај интересот од Реал Мадрид, францускиот напаѓач решил да остане во ПСЖ уште една сезона. Главната причина е финансиската криза што се појави поради пандемијата на коронавирусот. Во исто време, Реал Мадрид нема да ја напушти идејата за трансфер на Мбапе и ќе се обиде да потпише договор со играчот во 2021 година.
Во тековната сезона на францускиот шампионат која е завршена Мбапе одигра 20 натпревари, во кои постигна 18 голови и имаше 5 асистенции. Претходно беше објавено дека тој е прогласен како најдобар стрелец на Лига 1 втора сезона по ред . Тој исто така има 5 гола на 7 натпревари од Лигата на шампионите. Договорот на Мбапе со ПСЖ важи до 2022 година.

