Напаѓачот на Челзи, Вилијан, е на размислување дека е се уште рано да се зборува за враќање на фудбалските терени во Англија.
„Да бидам искрен, колку што знам, многу играчи, – би рекол, најмногу – не ја поддржуваат идејата за продолжување на сезоната во моментов. Навистина сакаме да се играме, ни недостасува фудбалот. Но, ние мора да бидеме безбедни. Нашето здравје е прво. Никој од играчите не сака да се врати на теренот додека целосно не биде безбеден“, вели Бразилецот.