Менаџерот на Њукасл, Стив Брус запрашан за евентуалното продолжување на сезоната во англиската Премиер лига вели:
„Ни треба доволно време за да се подготвиме за играчите да се вратат во форма, во спротивно тие ќе се урнат како кула од карти. Повеќето тренери во лигата се согласуваат за ова. Ќе потрае најмалку шест недели за да бидеме оптимално подготвени. Не можам да замислам како можеме да играме пред крајот на јуни“, изјавил Брус.