Фудбалскиот состав Интер објави дека сите тестови за „COVID-19“ на играчите и персоналот се негативни. Сите екипи се тестираат пред да стартуваат утре со групните тренинзи. Ако некој е заразен, истиот ќе биде изолиран.
Тестовите кај „Нероаѕурите“ покажуваат дека тие в понеделник можат безбедно да започнат со тренинзи. Сезоната во Серија А е поставена да започне на 13 јуни иако нема договор околу лекарскиот протокол што треба да се следи посебно што треба да се преземе доколку се појави заразен фудбалер.
Владата сака целиот тим да биде ставен во карантин а клубовите инсистираат само заразениот играч да биде изолиран.