Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, проценува дека играчите нема да бидат подготвени за активностите на теренот до 17. јуни откако повеќе од 2 месеца се без мечеви и вистински тренинг процес.
„Не може да бидете во карантин и потоа по само две недели да започнете да играте фудбал. Посебно кога станува збор за силна конкуренција како што е Премиер-лигата“ – потенцираше играчот на Сити.
„Потребни се пет недели за да се вратиме на теренот подготвени. Сега со индивидуални тренинзи а потоа и со работа во мали групи, нема вистински ефект за фудбалерите“ – потенцираше Стерлинг.
