Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс истакна дека тимот е подготвен да ја продолжи сезоната во првенството на Шпанија. Ла Лига беше суспендирана поради пандемијата на коронавирусот.
„Се чувствуваме многу добро и сме среќни што се вративме на тренинг. Ако сè зависеше од нас, ќе започнавме да играме овој викенд. Но, треба да почекаме и да работите напорно за успешно да настапиме по продолжувањето на сезоната. Работевме напорно дома за да не изгубиме физичка подготвеност и да се вратиме на кардио вежби без никакви проблеми. Сега повторно почнавме да работиме со топката и ќе го правиме тоа секој ден за да се вратиме во вообичаениот тек“, изјави Феликс за официјалната веб-страница на Атлетико Мадрид.

