Реал Мадрид и ПСЖ ќе бидат ривали за потписот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.
Шпанска „Марка“ пишува дека ПСЖ се приклучува во трката по Халанд за кој сериозен интерес има од Реал Мадрид. ПСЖ стравува дека може да го загуби Мбапе, кој има уште две години од актуелниот договор, но се уште не ја обновил соработката. Дополнитело се зборува за заминување на Икради и Кавани, па логично е ПСЖ да тргне по нов напаѓач.
Халанд во моментов е најбраниот млад фудбалер во светот и јасно е дека за неговиот потпис ќе има голема конкуренција.

