Фудбалерот од средниот ред на Фулам, Андре-Френк Ангиза, ги отфрли шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид. Поранешниот член на Олимпик Марсеј кој изминатата сезона беше на позајмица во Вилјареал, не сака да се шпекулира со неговиот нареден ангажман.
„Не, не можам да потврдам ништо. Не ме интересира кој и што пишува“ – изјави денеска црномурестиот играч за Канал + Спорт Африка.
„Јас имам договор со мојот агент. Ќе разговарам повторно со него на крајот на сезоната. Тогаш ќе видиме дали ќе има интересна понуда. Сега не можам да кажам дека имаме контакт со друг клуб“ – понтенцира Ангиза.

