Во очекување на стартот на Серија А лигата, од Апенините стигнува информација дека продолжението на сезоната ќе се игра само во два термини. Со оглед на тоа дека во овој период од годината топлото време си го прави своето, нема да се игра во традиционалниот термин за фудбал во Италија, 15 часот, туку сите средби ќе бидат закажани малку подоцна.
На барање на Синдикатот на фудбалерите, во текот на денот ќе се игра во два термини. Првиот е 18.30 часот, додека вториот е 21.00 часот.
На 28 мај ќе се одржи главниот состанок, на кој Министерот за спорт, Винченцо Спадафора треба да потврди кога точно ќе се рестартира Серија А, на 13 или 20 јуни.