Првите луѓе на фудбалскито состав Пари Сент Жермен се надеваат дека на 31 мај ќе го комплетираат трансферот на Мауро Икарди кој настапува како позајмен од италијанскиот Интер.
Французите ќе им понудат на „нероаѕурите“ 50 милиони евра плус 10-eт во форма на бонуси со надеж дека тоа ќе биде прифатено . Во целата ситуација може да влијае и договорот на Икарди со „светците“ кој му гарантира 10 милиони евра по сезона.
Доколку и тука се најде заеднички јазик, тогаш Аргентинецот кој на 28 мечеви постигна 20 гола, најверојатно ќе остане на „Паркот на принцовите“.

