Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Нголо Канте, започна индивидуален тренинг во базата на „сините“. 29-годишниот Французин првично одби да тренира од страв дека ќе се зарази со корона-вирусот бидејќи во неговото семејство има луѓе со срцеви заболувања.
Сепак, се чини дека играчот се премисли и го направи првиот чекор кон враќање во игра. Тој се приклучил на вчерашниот тренинг иако работеше одделно од главната група.
Челзи првиот натпревар во продолжението на сезоната ќе го има на 19 или 20 јуни против Астон Вила.

