Сопственикот на Лил, Жерар Лопез откри дека на неговото биро веќе стигнале „повеќекратни понуди“ за нигериската ѕвезда, Виктор Осимен. Лил веќе има добиено понуди, но ниту една не е со бараната сума од близу 72 милиони фунти кои Арсенал ги плати за Николас Пепе минатото лето.
Жерар вели дека цената на Осимен е идентична, ако не и поголема за Нигериецот, но засега ниту една таква не пристигнала до него.
21-годишниот Осимен е една од најголемите ѕвезди на француската Лига 1 оваа сезона со 8 гола во неговата деби сезона во француската елита. Тој во Франција дојде од Белгија, каде го носеше дресот на Шарлерој.
Интерес за голгетерот има од англиските премиерлигаши Тотенхем, Ливерпул и Арсенал, но и од екипи од Шпанија и Италија.

