Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Шкупи го откажа тестирањето за КОВИД-19!?
    Фудбал

    Шкупи го откажа тестирањето за КОВИД-19!?

    sasoBy saso01/06/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Синдикатот на фудбалери на Македонија, денеска информираше дека ФК Шкупи во последен момент ги откажа тестирањата за КОВИД-19, со образложување дека тие не веруваат во овие тестови. Во соопштението испратено до јавноста од синдикатот наведуваат:

    „Денес во тренинг кампот на Фк Вардар беше мобилна екипа на Аџибадем Систина. На сите играчи,стручниот штаб и сите луѓе кои што работат во клубот им беше извршено тестирање на Ковид 19.
    За утре имавме закажано тестирање во Фк Шкупи меѓутоа во последен момент ни беше откажано од нивна страна со образложување дека они не веруваат во овие тестови. Го почитуваме нивното мислење, но еве јавно ги замолуваме да направат тестови во друга институција во која они веруваат во интерес на здравјето на фудбалерите.
    Фк Струга Трим Лум исто одби да се тестира со нас меѓутоа коректно најавија дека тестови ќе направат некаде во државните болници. Исто така ни најавија дека резултатите ќе ни ги презентираат и тоа е за почитување,се гледа дека како клуб ги интересира здравјето на фудбалерите.
    За пример на сите треба да ни биде Фк Слога од Виница. Иако ќе играат бараж натпревар за влез во втора лига, Фк Слога побара од нас да им обезбедиме тестирање. Тестирањето е обезбедено и веќе утре Аџибадем Систина ќе биде во Виница и ќе изврши тестирање во просториите на клубот.
    Во име на СФМ ве замолуваме да не не ставате во никакви комбинации и нечесни игри. До нас допре глас дека сме била во некаква “игра” со Систина за некакви нечесни игри. Комбинациите правете си ги на ваша маса со ваши луѓе. Ние секогаш ќе стоиме на страна на фудбалерите, здравјето нивно за нас е најважно. Ако на одредени луѓе во клубовите им е најважен профитот и излезот во Европа, а не здравјето на играчите тогаш сериозно треба да се запрашаат што воопшто бараат во спортот и фудбалот.“

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.