Англискиот репрезентативец во дресот на Борусија (Д), Џејдон Санчо, со својот прв хет-трик во професионалниот фудбал стана најмладиот играч во историјата на Бундеслигата кој постигнал 30 голови. За неговите 30 голови и 38 асистенции, потребни му беа само 73 меча во лигата, покажува статистиката.
Севкупно, во петте водечки лиги во Европа оваа сезона, асот на Борусија Дортмунд е првиот што има најмалку 15 голови и 15 асистенции.
Фантастичните настапи на Санчо и импресивните перформанси сигурно ќе ја задржат неговата висока цена. Ова лето тој се поврзува со еден куп европски гиганти, меѓу кои и Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Ливерпул, Челзи, Арсенал, Манчестер Сити, Барселона, Реал Мадрид, Јувентус, Интер и ПСЖ.

