Манчестер јунајтед и кинескиот клуб Шангај Шенхуа се согласија да го продолжат заемот на нигерискиот напаѓач Одион Игало, кој ќе остане во Англија до јануари 2021 година.
Манчестер го донесе нигерискиот напаѓач на позајмица од Шангај иако фудбалските медиуми и јавноста беа скептични. Во меѓувреме, Игало покажа дека има квалитет и ги исполнува критериумите на раководството на клубот и навивачите.
Заемот на нигерискиот напаѓач на Јунајтед заврши на 31 мај, но продолжението беше договорено до 31 јануари 2021 година.

