На 2 јуни во 2019-та, ракометарите на Вардар по втор пат во историјата ја покорија Европа откако го совладаа Веспрем во големото финале одиграно во – „Ланксес арена“ во германскиот град Келн.
Треба да се потенцира дека нашиот состав ден претходно во полу-финалето направи неверојатна сензација против Барселона откако по првиот дел губеше со седум голови разлика.
Што се однесува до решавачкиот меч за пехарот, „црвено-црните“ не му дадоа шанса на унгарскиот првак, славеа со 27:24 и успеаа да го освојат вториот трофеј во елитното европско натпреварување во период од само три сезони.