Адидас реши да не го обновува спонзорскиот договор со играчот од средниот ред на Арсенал, Месут Озил, пренесува „Дејли меил“.
Според извор, компанијата е загрижена за јавниот имиџ на фудбалерот, кој е познат по неговите блиски односи со турскиот претседател Реџеп Ердоган.
Озил потпиша договор за Адидас во 2013 година, со што му стави крај на партнерството со Најк. Седумгодишниот договор со германската марка му донесе околу 24 милиони евра.
