Европската куќа на фудбалот, УЕФА, најави промена на критериумите за пласман на ЕП за играчи до 21 година.
Покрај домаќините Словенија и Унгарија, место на завршницата требаше да добијат деветте победници од квалификациските групи, најдобрата второпласирана селекција и четири победници од баражите меѓу преостанатите осум второпласирани репрезентации. Сепак, бараж натпреварите би можеле да бидат укинати и на Европското првенство би се пласирале победниците од квалификациските групи, заедно со уште пет најдобро второпласирани селекции.
Македонија е во група со Шпанија, Израел, Казахстан, Црна Гора и Фарските Острови. По четири одиграни натпревари, избраниците на Милевски освоија седум бода, еден помалку од второпласираниот Израел. Неприкосновен лидер е селекцијата на Шпанија.

