Американската компанија General American Capital Partners (GACP) ја разгледува можноста за купување на Рома, пренесува „Кориере дела Сера“.
Сопственикот на компанијата, Џо ДаГроса внимателно ја следи ситуацијата и веќе имал неколку разговори на оваа тема. Според италијанските медиуми, тој веќе е во контакт со претседателот на Рома, Џејмс Палота, кој исто така е Американец.
Во есента 2018 година, американската компанија го купи француски Бордо. Сепак, навивачите беа незадоволни од управувањето, па една година подоцна клубот го смени својот сопственик.