Напаѓачот на фудбалскиот состав Саутемптон, Шејн Лонг, потпиша нов двегодишен договор што ќе го задржи на стадионот – „Сент Мери“ до летото во 2022 година.
Интернационалецот од Ирска во досегашните шест сезони во дресот на англискиот состав одигра 205 мечеви и постигна 35 голови.
„Шејн е неверојатен професионалец. Тој е значаен играч за мене и знам дека тој беше значен за менаџерите и пред мене“ – рече Ралф Хазенфутл, тренер на популарните -„светци“. Лонг, пак, за веб-страницата на клубот изјави дека е среќен бидејќи ќе остане во тимот.

