Англискиот фудбалски состав, Ливерпул, ќе влезе во интензивни преговори со луѓето од Рома за потписот на малдиот играч, Николо Заниоло, тврдат денеска дел од влијателните медиуми во двете земји.
Големиот талент во редовите на „волчицата“ кој настапува во средината на теренот, имаше серија на блескави партии со што го привлече вниманието на тренерот, Јирген Клоп, кој наводно, сака да го донесе на – „Енфилд“.
Иако „римјаните“ претходно не сакаа ниту да помислат да го продадат младиот играч, сега соочени со голема финансиска криза поради пандмијата со корона-вирусот, најверојатно ќе го разгледаат предлогот на „црвените“.

