Дефанзивецот на фудбалскиот состав Лестер, Бен Чилвел, кој има да одработи уште четири години од договорот со популарните „лисици“, неочекувано може да добие понуда да се пресели во редовите на Манчестер Сити, објавија денеска медиумите во Англија.
Иако досега се појавуваа шпекулации дека играчот на поранешниот шампион на Премиер-лигата е блиску до трансфер во Челзи, сега работите се насочуваат во сосема друг правец. Имено, весникот -„Телеграф“ тврди, дека менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, ќе се обиде во текот на летово по секоја цена да го ангажира левиот бек.
23-годишниот дефанзивец кој потекува од школата на Лестер, во тековната сезона во Премиер-лигата има одиграно 24 мечеви со ефект од 2 гола и 3 асистенции.

