Капитенот на ПСЖ, Тиаго Силва го напушта тимот, откако ќе му истече договорот на 30 јуни. Од ПСЖ информираа дека 35-годишниот бразилски дефанзивец вчера оствари средба со спортскиот директор на парижаните, на која бил известен дека неговиот договор нема да биде продолжен.
Силва беше еден од играчите кој одби да му се намали платата како услов да остане на „Паркот на принцовите“. Секако дека има интерес за овој играч. Тој би можел да заврши назад во Милано, каде играше помеѓу 2009 и 2012 година.
Со „росонерите“ ја освои титулата во сезоната 2010/2011. Бразилецот може да се најде и во Евертон, каде е тренер Карло Анчелоти.

