Манчестер Јунајтед нема да го одигра пријателскиот меч против Стоук Сити планиран за оваа недела. Одлуката на „црвените ѓаволи“ доаѓа откако тренерот на тимот на Стоук Сити, Мајкл О’Нил има позитивен резултат на коронавирусот.
Според Стоук, претходните пет тестови на стратегот биле негативни. Според здравствениот протокол, О’Нил ќе се изолира, но ќе одржува виртуелен контакт со тренерскиот персонал и играчите.
Во наредните денови, екипата ќе биде предводена од помошникот на О’Нил, Били Мекгинли.