Јувентус не попушта пред желбата во својот тим да го донесе италијанскиот репрезентативец од екипата на Челзи, Жоргињо.
Од Италија стигнува информација дека составот од Торино е подготвен да го понуди својот играч од средниот ред Даглас Коста во замена за Жоргињо. Според изворот, Челзи нема намера да се раздели со Жоргињо за помалку од 50 милиони евра, но цената на Коста се проценува на 45 милиони евра, што ќе ја направи размената скоро еднаква, секако со мала доплата од „Старата Дама“.

