19-годишниот фудбалер на австрискиот, Салцбург, Доминик Собослај, го привлече вниманието на големите гиганти откако во континуитет реализира блескави партии во домашниот шампионат.
Унгарскиот репрезентативец кој дејствува во средниот ред а може да биде крајно ефективен и во нападот, дефинитивно се наметнува како еден од најголемите фудбалски таленти. Според тоа што го објавија медиумите во Италија, за потписот на младиот играч се наметнуваат Милан и Наполи а во последниов период се споменуваат и луѓето од Лацио.
Според проценките, трансферната сума на Собослој изнесува околу 25 милиони евра.