Откако Баерн Минхен објави дека нема намера да му го откупи договорот на Фелипе Кутињо, фудбалерот кој е на платниот список на Барселона може да добие понуда да се пресели во Премиер лигата.
Наводно, 27 годишниот играч е голема желба на челниците на Њукасл кои подготвуваат вистински бум на трансфер пазарот откако ќе се комплетираат сите формалности и новите сопственици ќе го преземат клубот.
Бразилскиот интернациоанлец во изминатиот период се поврзуваше и Челзи, Евертон, Манчестер Јунајтед и Арсенал.