Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусијан Фавр зборуваше за Марко Ројс и Ерлинг Холанд, кои се опоравуваат од повредите.
„Холанд тренира со останатиот дел од тимот и тоа од вчера учествува во сите вежби. Тој изгледа добро. Секој што играше минатата недела е исто така добар. Што се однесува до Марко Ројс, тој започна да тренира со тимот оваа недела. Среќни сме што се врати и се надеваме дека тој ќе може да се појави на теренот што е можно поскоро. За жал, не можам да дадам повеќе предвидувања. Можам само да кажам дека тој ќе тренира во петок”, рече Фавр.
Во сабота Борусија Дортмунд игра со Фортуна (Дизелдорф) на гостински теренер.