Дефанзивецот на Барселона, Нелсон Семедо бил одстранет од тренинг со екипата поради повреда на протоколот од Ла Лига, пренесува „Марка“. Фудбалерот присуствуваше на роденденска забава, на која присуствуваа повеќе од 20 лица без маски.
Тој нема да биде присутен на тренинг на својата екипа и да влегува во тренинг кампот на Барселона додека не се потврди дека неговиот тест за коронавирус е негативен. На 9 јуни, фудбалерот присуствуваше на роденденската забава, на која присуствуваа повеќе од 20 лица без маски. Учесниците во забавата не ја почитуваа социјалната дистанца. Семедо отишол на забавата без да го извести раководството на клубот.
Во Каталонија, која сè уште е во фаза 2 на обновување на нормалниот живот, се забранува собирање на групи од повеќе од 15 лица, додека Ла Лига им препорачува на нејзините играчи да ја ограничат комуникацијата само со оние со кои живеат на иста локација.
Сезоната во Ла Лига продолжи со вчерашниот натпревар меѓу Севиља и Бетис, а утре Барселона ќе игра на гостински терен против Мајорка.