Позната е причинита зошто не е реализиран договорот за трансфер на Тимо Вернер од РБ Лајпциг во Челзи.
Откако стана јасно дека Ливерпул се откажува од германскиот репрезентативец, токму „сините“ ја направија понудата за напаѓачот, што тој ја прифати. Сепак, трансферот сè уште не е комплетиран, а проблемот е во тоа што Вернер не ги помина задолжителните лекарски прегледи.
Вернер не може да лета за Велика Британија поради правилата на Бундеслигата поврзани со коронавирусот. Лекарите на Челзи не можат да патуваат во Германија затоа што потоа мора да бидат ставени во карантин за период од 14 дена. Челзи може да ги користи услугите на германските лекари, но попрво ќе го чека крајот на сезоната во Бундес-лигата (27 јуни) или намалување на некои од мерките во Велика Британија.
Оваа теза е поддржана од информациите од денешниот број на „Билд“, според кои клаузулата за ослободување на Тимо Вернер не истекува за 4 дена, туку ќе биде активна уште еден месец – до 15 јули. Ова значи дека Челзи ќе има доволно време да го финализира трансферот. Напаѓачот се очекува да потпише договор на 5 години и да стане најскапиот играч на тимот од „Стемфорд Бриџ“.

