Реал Мадрид го обнови интересот за играчот од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте, тврди весникот „АС“.
Според оваа информација, лондончани се подготвени да се разделат со својот фудбалер, со цел да го финансираат големото обновување на тимот, за што се подготвуваат Роман Абрамович и Френк Лампард. Сините веќе го привлекоа Хаким Зиеш од Ајакс, за кого потрошија 36 милиони фунти. Трансферот на Тимо Вернер, кој ќе чини 53 милиони, може да биде финализиран во секој момент. Следната голема цел е Каи Хавертц, за кој се проценува дека треба да платат околу 75 милиони фунти.
Доколку се остварат сите овие планови, тоа ќе значи дека барем едно од големите имиња во составот на Челзи може да биде продаден. Канте има договор со Челзи уште три сезони, а лондончани ќе побараат за него околу 70 милиони фунти.