Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, сака да го засили средниот ред за наредната сезона.
За таа цел на радарот на искусниот стратег влегува членот на Челзи, Нголо Канте, објавија денеска медиумите во Шпанија. Францускиот интернационалец во 2018 година за 29 милиони фунти го напушти тимот на Лестер и се пресели на стадионот „Стемфорд Бриџ“. Неговата неделна плата изнесува 290.000 фунти.
Според наведеното, „кралевите“ се подготвени да ги исполнат сите барања на црномурестиот фудбалер а на „сините“ да им платат околу 70 милиони за неговиот потпис.

