Тренерот, Антонио Конте, ги пофали фудбалерите на Интер за прикажаната игра на двомечот со Наполи иако неговиот тим испадна во полуфиналето на италијанскиот куп.
„Не можам ништо да им забележам на играчите. Интер заслужи повеќе во двата меча со Наполи, но, начинот на кој игравме ни го покажува вистнскиот пат. Можеби треба да има критики само за слабата реализација, другото беше добро“ – потенцирал тренерот на „нероаѕурите“.
Интер на рестартот на италијанското првенство на 21. јуни ќе игра против Сампдорија. Мечот ќе се игра без публика на „Џузепе Меаца“.