Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го коментираше успехот со 3:1 над Еибар во натпреварот од 28-то коло од Примера.
Натпреварот се одигра без гледачи на стадионот „Алфредо ди Стефано“ , а Реал Мадрид го реши натпреварот уште во првото полувреме со головите на Тони Крос (4), Серхио Рамос (30) и Марсело (37). Педро Бигас беше стрелец на единствениот гол за Еибар 60-та минута.
„Беше сосема друг фудбал од она што го имавме порано, но мора да се прилагодиме. Тешко ни беше во второто полувреме, нешто не беше во ред. Можеби имаме проблем со физичката форма. Во првите 45 минути игравме многу силно и со големо темпо. Можевме да победиме со 3:0, но по паузата се опуштивме. Има доволно играчи кои можат да одлучат во ваква ситуација. Азар можеше да постигне гол, но тој реши да одигра со Рамос“, коментираше Зидан по натпреварот.

