Лацио ја одби понудата од ПСЖ од 60 милиони евра за Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Сепак, ова не ги спречи Французите и понатаму да се обидуваат да го привлечат играчот од средниот ред ова лето.
Од нив се очекува да испратат нов предлог со подобри финансиски параметри. ПСЖ веќе подолго време го следи Милинковиќ-Савиќ, но за него се заинтересирани Реал Мадрид, Јувентус, Барселона и Манчестер Јунајтед. 25-годишниот играч има 5 голови и 5 асистенции оваа сезона, во одличниот настап на Лацио, кој изненадувачки влезе во борба за титулата.
Минатата година Римскиот клуб бараше 100 милиони евра за играчот од средниот ред, но со оглед на пандемијата на коронавирусот, неговата цена падна на 70-80 милиони евра.
