Баерн Минхен синоќа по 30. пат стана шампион на Германија, откако славеше минимално со 1:0 на гостувањето кај Вердер. Баварците станаа само вториот тим во историјата на петте најдобри европски првенства кој освоил 8 национални титули по ред.
Баерн нанижаа осум титули, почнувајќи од сезоната 2012/2013, па се до оваа, 2019/2020. Исто така, екипата од Минхен стана третиот клуб во историјата на најдобрите 5 европски лиги во однос на бројот на освоени национални првенства. Лидер на оваа листа е Јувентус кој 35 пати стана шампион на Италија, по што следуваат Реал Мадрид (33), а новиот шампион на Германија, Баерн ги затвора првите три на листата со вчерашната 30-та титула.