Вечерва од 21 часот на „Олимпико“ во Рим екипите на Наполи и Јувентус влегуваат во финалната битка за Куп-трофејот. По реваншите со Интер и Милан одиграни пред само неколку дена, финалистите денеска влегуваат во нова 90. минутна пресметка за првиот трофеј оваа сезона во Италија.
Според најавите на италијанскиот печат, Џенаро Гатузо во голема мера ќе го задржи стартниот тим од дуелот со Интер и за вечерва, со тоа што најверојатно
Фабијан Руиз сега е доволно подготвен за да може да почне како стартер во средбиот ред, што ќе значи дека Елмас ќе мора да остане на клупата за резерви.
Јувентус има две потенцијални промени за стартниот тим од оној меч со Милан. Сега се очекува Кедира да го замени Пјаниќ, а нејаверојатно на клупа ќе остане и Даглас Коста, а на негово место ќе стартува Куадрадо.