Во УЕФА на денешниот состанок се разговарало и за Европското првенство (ЕП) кое наместо во 2020 година ќе се игра во 2021 година, а беа потврдени градовите-домаќини на најголемиот фудбалски настан следната година.
Европското првенство во 2021 година ќе се игра во вкупно 12 градови. Тоа се Рим, Баку, Копенхаген, Даблин, Амстердам, Букурешт, Минхен, Лондон, Санкт Петерсбург, Глазгов, Билбао и Будимпешта. Имаше најави дека поради пандемијата на Ковид-19 може да дојде до одредени промени, но сепак, планот останува ист.
Европското првенство ќе започне на 11 јуни и ќе трае до 11 јули, а ние се надеваме дека ќе биде посебно за нас во Македонија, затоа што посакуваме да ја гледаме и нашата репрезентација која се бори за пласман на ова ЕП преку Лигата на нациите.

