Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас синоќа му се израдува на првиот трофеј во кариерата, откако со Наполи го го совлада Јувентус во финалето на Купот.
Македонецот, кој доби шанса во финишот на мечот и имаше огромна шанса за гол, по мечот се огласи на социјалните мрежи.
„Прв трофеј во кариерата и тоа со специјален тим, ова беше магична ноќ, со надеж дека е само првиот од долга серија трофеи!“ – гласеше пораката на Елиф Елмас.