За првпат во својата кариера, Кристијано Роналдо загуби две последователни финалиња во куп-натпреварувања на клупско ниво. Синоќа неговиот Јувентус на пенали беше поразен од Наполи во финалниот меч од Италијанскиот куп, а претходно го загуби и Супер Купот на Италија.
Роналдо синоќа имаше еднаубава шанса за гол уште во првото полувреме, но не успеа да погоди. Во пенл-серијата не успеа да дојде на ред да шутира, бидејќи до петта серија не дојде, откако неговите соиграчи имаа две промашувања во првите четири обиди.