Претседателот на францускиот шампион ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи го пофали враќањето на Лигата на шампионите во август.
„Сакам да ја пофалам работата што ја направи УЕФА за да им овозможи на клубовите учеснички да ја комплетираат Лигата на шампионите, што останува најпопуларен клупски турнир во светот. Јас сум исто така многу задоволен од организацијата за обновување на женското финале во ЛШ, каде што нашиот тим ќе се соочи со Арсенал во четвртфиналето. Во последните неколку недели имав можност да преиспитам во колкава мерка е важна Лигата на шампионите за финансиите на клубовите и телевизиските оператори, но пред се тоа е важно за навивачите кои го сакаат ова натпреварување“, изјави Ал-Хелаифи за официјалната веб-страница на ПСЖ.
„Овој нов формат на турнирот ќе биде возбудлив и полн со емоции. Нашите фудбалери и тренерскиот персонал ќе продолжат со тренинзите следниот понеделник и ќе дадат се од себе за да бидат подготвени за почетокот на август и европските предизвици што ги чекаат“, додаде тој.